Повредено едно лице во сообраќајка меѓу три возила кај „Мајчин дом“

Едно лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случила рано утрово меѓу три возила на булеварот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, кај „Мајчин дом“. Информацијата за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

– Во 5:43 часот е пријавена сообраќајката меѓу три возила. Станува збор за „хјундаи“, „шевролет“ и „кија“, сите со скопски регистарски таблички. Има едно повредено лице, информираа од МВР за МИА.

Повеќе детали, од МВР најавија во текот на денот.

Прочитајте и:  МВР: Расчистен случајот со обидот за убиство на градоначалникот на Арачиново, поднесена кривична пријава
- Реклама -