Шпанскиот фудбалер Родриго Хернандез „Родри“, кој беше прогласен за најдобар играч на штотуку завршеннот Европското првенство во Германија, во понеделникот вечерта во Мадрид ја отпеа песната „Гибралтар е шпански“ и на тој начин допре до долгогодишниот спор за време на прославата на освоената титула европски шампион токму против Англија.
Шпанија во 1713 година по војната ѝ го отстапила на Велика Британија стратешки важниот ‘рт Гибралтар 33.000 жители, но долго бара територијата да ѝ биде вратена. Идејата суверенитетот да биде поделен меѓу Лондон и Мадрид, во 2002 година го отфрлиле 99 отсто од гласачите во Гибралтар. Статусот на Гибралтар и начинот за контрола на границата со Шпанија е предмет на спор од 2016 година кога Велика Британија гласаше за излегување од Европската унија. Малата територија беше исклучена од постојниот договор за раздружувањето меѓу Лондон и Брисел. На сила се неформалните договори, додека двете страни преговараат за Гибралтар, кој со големо мнозинство го поддржа останувањето во ЕУ на референдумот за брегзитот.
„Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански…“ отпеа 28-годишниот Родри, како што може да се види на видеото објавено на порталот на весникот Marca.
Во неделата Шпанија ја победи Англија со 2:1 во финалето на Европското првенство што се игра во Берлин. Родри, играчот за врска на англискиот шампион Манчестер Сити, по тој меч беше прогласен за најдобар играч на турнирот.
Шпанската јавна телевизија (RTVE) на својата веб-страница објави дека за време на прославата неколку играчи „во неколку наврати“ пееле за „шпански“ Гибралтар.
На плоштадот Плаза де Сибељес, кој се наоѓа пред градското собрание во Мадрид, десетици илјади навивачи славеа со играчите кои ја освоија титулата европски првак.
Шпанскиот тренер Луис де ла Фуенте изјави дека е горд на тимот и повика на единство на Шпанците. „Да живее Шпанија!”
Навивачите со шпански знамиња еуфорично го прославија четвртиот пехар на најдобрите на континентот. Со играчите на сцената беше и 10-годишно девојче кое боледува од рак, кое сакаше да ги запознае шпанските играчи.
Прославата, предводена од капитенот на тимот Алваро Мората, заврши на полноќ со песната „We Are the Champions“ на британската група Queen.
🇪🇸😅#ManCity midfielder Rodri Hernandez singing “Gibraltar is Spanish” #Euro2024 pic.twitter.com/bciaTh6xi2
— Football España (@footballespana_) July 15, 2024