ШК Мулти Есенс ја искористи својата прва шанса за пласман во елитната дивизија


Шаховскиот клуб „Мулти Есенс“ е нов член на Првата шаховска лига во Македонија откако на одиграниот екипен турнир во Струга, меѓу екипите од Втората лига, по 9 кола, го зазеде второто место.

Турнирот се играше според Бергеровиот систем, а во своите девет настапи екипата немаше ниту еден пораз, односно забележа скор од седум победи и две нерешени средби, со што вкупно освои 16 бода.

Во конечниот пласман, зад ШК Нов напредок и ШК Мулти Есенс се најдоа МШК Центар со 13, ШК Кочани со 12, ШК Карпош со 10, ШК 7 Ноември со 8, ШК Ласкер со 5, ЖШК Прилеп со 5, ШК Шах Шех со 2 и ШК Шкендија со 2 бода.

- Реклама -