Изложба со дела од третата Детска ликовна школа „Вевчански видувања 2024“

Изложба со дела од третата Детска ликовна школа „Вевчански видувања 2024“ вечерва ќе биде отворена во мултикултурниот центар „Коста Србакоски“ во Вевчани.

На Детската ликовна школа, како што соопшти организаторот Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, учествувале околу 60 талентирани дечиња од Вевчани и регионот.

– Во соработка со Амбасадата на САД во Македонија успеавме да реализираме еден проект што придонесе нашите ученици да имаат можност на неколку работилници да работат со истакната професорка од Универзитетот за уметност во Минесота – Робин Шварцман. Исто така, заедно со училиштето за сликање од Битола АДАМС АРТ и наставничката Анкица Стеваноска реализиравме неколку работилници што резултираше со прекрасни дела, кои ќе имате можност да ги погледнете до 6 август во МКЦ – Вевчани, стои во информацијата.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ изминатите 13 години прерасна во
значаен културен настан, кој поттикнува креативност, соработка и културна размена. Едукативниот карактер, според организаторот, од година во година расте и се развива во различни правци. 

- Реклама -