Тадеј Погачар пред освојување на третата титула на Тур де Франс


Словенечкиот велосипедист, Тадеј Погачар (ОАЕ Емирати) доминира на годинашниот Тур де Франс. Тој вчера и завчера „врза“ две победи по ред, на тешките планински етапи(на 14-та и на 15-та), на Пиринеите, против директните ривали за конечен тримф, Јонас Вињегард од Данска и Ремко Евенепоел од Белгија.

На шест етапи до крајот на трката (денеска е слободен ден) Погачар ја зголеми предноста во генералниот пласман на 3,09 минути пред Вињегард, односно на 5,19 минути пред Евенепоел.

Погачар (25) има три етапни победи на годинашниот, 111-ти Тур, вкупно 14, и е на добар пат по трет пат да триумфјра (2010 и 2021-та).

Тој во недела, на крајот од трката во Ница, би можел да стане првиот велосипедист во 21. век кој во иста година победува на Џиро д’Италија и на Тур де Франс. Последен кој успеал да ја освои „двојката“ беше Италијанецот, Марко Пантани во 1998 година.

- Реклама -