Англискиот напаѓач Хари Кејн го коментираше поразот од Шпанија (1:2) синоќа во финалето на Европското првенство 2024.
– Тешко е да се опише како сите ние се чувствуваме во моментов. Тежок натпревар. Можевме да го израмниме резултатот и да се вратиме во игра, но не е лесно да се прими гол на крајот. Ја пропуштивме нашата шанса. Тешко е да се дојде до финале на вакви турнири, треба да се искористат можностите, но ние не го направивме тоа втор пат по ред. Ова е многу болно и ќе продолжи да боли долго време. Иднината на Саутгејт во репрезентацијата? Му треба време да одлучи. Сакавме да го добиеме ова финале за него, изјави Кејн за „Дејли експрес“.
Англија го загуби своето второ финале на Европско првенство во низа. Во 2021 година, Британците загубија од Италија.