ФК Вардар со две нови засилувања


Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува да се засилува во пресрет на новата сезона. Од неделата на подготовките во Словенија се приклучија и Ким Сеук–Гјун од Јужна Кореја и Марио Костов.

Корејскиот интернационалец има 23 години и игра на левата крилна позиција. Костов, кој има само 18 годиним е талентиран напаѓач кој во Вардар пристигна од редовите на струмичка Брера.

Вардарци веќе неколку денови се на подготовки во Раденци, Словенија, а во следниот период треба да одиграат и два контролни дуела, и тоа против хрватскиот шампион Динамо во Загреб и против членот на англиската Чемпионшип лига, Свонси.

- Реклама -