Самостојна изложба на Мелихат Тузун во галеријата „КО-РА“

Вечерва во 19.30 часот во галеријата „КО-РА“ во Скопје, ќе биде отворена самостојна изложба на Мелихат Тузун од Турција која гостува во Македонија во рамките на интернационална Ликовна колонија. Изложбата е дел од меѓународната соработка на ликовни уметници реализирана од страна на иницијатива на академик, проф д-р Фехим Хусковиќ.

Мелихат Тузун е професорка и декан на Универзитетот „Тракија” во Турција на Факултетот за убавите уметности, од 2018 година. Таа работеше како професор по сликарство на Универзитетот „Текирдаг Намир Кемал“, на Факултетот за убавите уметности, дизајн и архитектура, на одделот за сликарство (2013-2018 ) Дипломирала, магистрирала и докторирала на Универзитетот „Мимар Синан” во Истанбул, на одделот за сликарство. Добитничка е на повеќе награди , меѓу кои е и првата награда од областа на скулптурата. Член е на повеќе здруженија на уметници во Турција, но и во УНЕСКО Интернационална асоцијација на уметници. Претседател е на Здружението на графичките уметници од Турција, од 2017 година. Нејзиниот ликовен опус го карактеризира „Интеракција помеѓу човекот и природата, Егзистенцијалното и Бесконечното, како креирање на контрасти помеѓу конкретното и апстрактното“, се вели во најавата за изложбата.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“
- Реклама -