Батериите на Volvo ќе се полнет за 30 осто побрзо?

Шведската компанија Volvo си постави цел да стане производител на исклучиво електрични автомобили до 2030 година, како одраз на нејзината посветеност за одржлив развој и континуирано намалување на нејзиниот јаглероден отпечаток, со цел да учествува во постигнувањето на целта за нула емисии на стакленички гасови до 2040 година.

Еден значаен чекор кон оваа цел е партнерството со Breathe Battery Technologies, со што стана првата автомобилска компанија што ја интегрира во својата нова генерација целосно електрични автомобили најновата верзија на својот патентиран софтвер за полнење, дизајниран да биде вграден во внатрешно развиената платформа за управување со батерии на Volvo. Неговата цел е да ги оптимизира и подобри перформансите на технологијата за полнење.

Прочитајте и:  Меѓународната младинска конференција во Крушево -Европски вредности за иднината на ЈИЕ

Фото: pexels

- Реклама -