Македонскиот фудбалски тим Тиквеш ги пушти во продажба билетите за соочувањето со Бреидбалик во првото квалификациско коло во Конференциската лига на УЕФА.
Тиквеш е домаќин на првата средба која е на програмата в четврток од 17 часот, средба која ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Билетите можат да се набават во Стрит бар, Инфинити кафе и Дистрикт каф и тоа по цени од 200 и 500 денари (ВИП).
Клубот од Кавадарци имаше добри летни подготовки, забележа добри резултати и останува сега да се види како ќе се снајде во пресемтката со претставникот на Исланд.
Фото: ФФМ