Уапсен осомничениот што „дозволил“ да се случи стампедо во Утар Прадеш при што загинаа 121 лице

Девпракаш Мадукар беше идентификуван како главен осомничен, а пред да се предаде полицијата понуди награда од 1 200 долари за информација што ќе доведе до негово апсење

Девпракаш Мадукар е главниот осомничен кој во својство на организатор придонел кон тоа животот да го загубат 121 лице во стампедо на хиндуистичкиот верски настан во Утар Прадеш, Индија.

Главниот организатор ѝ се предал на полицијата.

Мадукар беше идентификуван како главен осомничен, а пред да се предаде полицијата понуди награда од 1 200 долари за информација што ќе доведе до негово апсење.

Според адвокатот на проповедникот Сурај Пал Синг, Мадукар бил главниот организатор на настанот на кој присуствувале околу 250 000 луѓе иако организаторите имале дозвола да соберат максимум 80 000 луѓе.

Утар Прадеш се наоѓа во северниот дел на Индија и една од најнаселените држави со 241 милион жители.

Во Утар Прадеш се наоѓа и Таџ Махал, архитектонско здание кое некои го вклучуваат дури и во листата на светските чуда.

- Реклама -