Изборен конгрес на Алтернатива, собрание на Алијанса на Албанците

Алијансата на Албанците пред неодамна одржаните парламентарни избори се подели, така што дел од членството предводено од Села учествуваше во коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, додека другиот дел предводен од сегашниот министер за здравство Арбен Таравари, беше дел од коалицијата „Вреди“

Партиите на Албанците, Алтернатива односно Алијансата на Албанците, денеска со нови разврски во своите политички редови.

Алијансата на Албанците предводена од Зиадин Села денеска ќе го одржи четвртото Собрание. Алијансата на Албанците пред неодамна одржаните парламентарни избори се подели, така што дел од членството предводено од Села учествуваше во коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, додека другиот дел предводен од сегашниот министер за здравство Арбен Таравари, беше дел од коалицијата „Вреди“ и потоа стана дел од владејачкото мнозинство.

Алтернатива пак, која до неодамна беше предводена од Африм Гаши, денеска ќе одржи вонреден изборен конгрес, откако Гаши беше избран за претседател на Собранието, по што ја напушти лидерската позиција, а поранешниот министер за здравство, Беким Сали стана вршител на должност претседател на партијата.

Првиот дел од конгресот на Алтернатива ќе биде отворен за јавноста, а потоа до изборот на нов претседател, тој ќе биде затворен.

- Реклама -