Финецот Емил Русовори го изненади Гркот Стефанос Циципас во второто коло на Вимблдон и го победи со 7:6, 7:6, 3:6 и 6:3 приредувајќи го најголемото изненадување во вчерашниот ден. Од Вимблдон отпадна и полскиот тенисер Роберт Хуркач кој по повреда на коленото мораше да му го предаде мечот на Французинот Артур Фис.
Во дуелот на двајцата ветерани Гаел Монфилс го победи Стен Варвринка со 3:0 во сетови и во третото коло ќе игра против Бугаринот Григор Димитров, кој иако губеше со 2:0 во сетови, го победи кинескиот тинејџер Жанг.
Пласман во третото коло обезбеди и Алексеј Попирин кој во следното коло ќе игра против недоволно опоравениот Новак Ѓоковиќ, кој вистинскиот тест на Вимблдон веројатно ќе го има во четвртото коло кога според костурот ќе треба да игра против Холгер Руне.