Тен Хаг останува во Манчестер Јунајтед


Водството на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед реши да продолжи да му верува на 54-годишниот холандски стратег Ерик тен Хаг, кој останува тренер на првиот тим на тимот од „Олд Трафорд“.

Тен Хаг потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната 2025/26. Според бројните англиски медиуми, Тен Хаг од заминувањето од Манчестер Јунајтед го спасило освојувањето на ФА Купот кога „Црвените ѓаволи“ го совладаа градскиот ривал Манчестер Сити со 2:1.

За Тен Хаг тоа беше втор трофеј што го освои во клубот по пристигнувањето во 2022 година од холандски Ајакс. Сезона претходно го освои Лига купот, но во Премиер лигата респектабилниот тим продолжува да покажува слаби резултати. Минатата сезона заврши на осмото место на табелата во Премиер лигата, а воедно не ја мина групната фаза од Лигата на шампионите.

„Во последните две сезони направивме одреден напредок, а доказ за тоа се двата освоени трофеи. Сепак, ни претстои уште многу работа за да дојдеме до ниво кое само задоволува клуб како Манчестер Јунајтед“, изјави тренерот Ерик тен Хаг.

- Реклама -