Ерупциите на Исланд поттикнаа нов вид туризам

На Исланд постои изреката „Пета редаст“, која се смета за неофицијално мото на нацијата, а во слободен превод значи „На крајот сè ќе успее“. Што се промени?
Исланд има 8 вулкански ерупции од декември 2023 година, кога се отвори нова пукнатина на приближно 3 километри од рибарското село Гриндавик (чии 4.000 жители беа евакуирани минатиот месец).
За разлика од претходните ерупции, локацијата Гринадвик остана затворена за јавноста поради загриженост за безбедноста. Во јануари три од домовите во градот беа зафатени од лава. Во февруари научниците забележаа проток на магма со рекордна брзина од 7.400 кубни метри во секунда – околу стопати побрзо од Фаградалсфјал.
Сината лагуна, која се наоѓа на само неколку километри од местото на ерупција во Гриндавик, е затворена од декември 2023 година.

Сината лагуна беше затворена два месеца оваа зима, а стотици гости и персоналот беа евакуирани поради ерупции во март и мај (локацијата повторно беше отворена на 14 јуни). Исто така, ерупцијата претставува ризик за инфраструктурата, вклучувајќи ги блиските пристапни патишта, цевководот за топла вода и електраните.
Најновата вулканска ерупција почна на 29 мај и траеше 24 дена, формирајќи го најголемото поле со лава досега. Опасните области околу активните пукнатини се затворени поради ризиците од непредвидлив проток на лава, токсичен гас, земјотреси и дупки.
Ако планирате да го посетите Исланд, треба да знаете како да се справите со вулканската непредвидливост.
Но, надвор од затворените области, Исланд останува целосно безбеден за туристите сѐ додека ги следите локалните упатства.

Извор