Синер се намачи со Беретини за пласман во третото коло на Вимблдон


Светскиот тениски рекет број еден Иалијанецот Јаник Синер го преживеа дуелот со својот сонародник Матео Беретини и финалист на Вимблдон од 2021 година Матео Беретини во второто коло со 7-6 (3), 7-6. (4), 2-6, 7-6 (4) по три часа и 42 минути игра.

Синер ги доби воведните два сета на „тај-брејкови“. под затворениот покрив, но Беретини имаше „брејк“ предност во секој од четирите одиграни сета, но во првиот, вториот и четвртиот Синер успеа да ја надополни негативата и потоа да го добие „тај-брејкот“. Само во третиот сет Беретини успеа да го одбрани водството и дури да го удвои.

Беретини, кој беше поразен во финалето од Србинот Новак Ѓоковиќ во 2021 година, но беше измачуван од повреди минатата година и сега е рангиран на 59-тото место, се чинеше дека може да го одвлече мечот во решавачки сет.

Првиот носител Синер ббеше во криза кога некои мали грешки при удар на земја навестија дека неговата игра се распаѓа на почетокот од четвртиот сет, но тој успеа да ја врати контролата. Беретини спаси меч-поен кога сервираше за 5-6 во четвртиот сет и го повлече форхендот за да го донесе третиот „тај-брејк“ во исцрпувачката пресметка.

„Беше многу тешко соочувањето со Матео во второто коло на толку важен турнир. Денеска беше натпревар на високо ниво и двајцата одигравме добро и во трите тајбрејка имав малку среќа. Знаев дека морам да ја подигнам мојата игра на ниво денес, тој е специјалист за трева“, рече Синер, кој срдечно го прегрна својот пријател и сонародник на мрежата на теренот.

„Имаше некои подеми и падови што е нормално, но среќен сум што сум во следната рунда“, додаде Синер

Дваесет идвегодишниот Синер, кој го зголеми својот сооднос против сограѓаните Италијанци на 14-0, ќе го продолжи својот обид за додавање на титулата на Вимблдон на овогодинешниот триумф Австралија Опен во петок против Србинот Миомир Кецмановиќ кој го совлада Холанѓанецот Талон Грикспур со 4-6, 7-6 (7), 1-6, 6-2, 6-3.

- Реклама -