Пропалестински демонстранти се качија на покривот на австралискиот Парламент

Пропалестински демонстранти денеска се искачија на покривот на зградата на австралискиот Парламент во Канбера и развирија транспаренти. На еден од нив пишуваше дека Палестина ќе биде слободна, обвинувајќи го Израел за воени злосторства, покажуваат ТВ снимките.

На снимките се гледаат луѓе облечени во темна облека на покривот на зградата, како развиоруваат црни транспаренти, меѓу кои и оној „од реката до морето, Палестина ќе биде слободна“, вообичаен слоган на демонстрантите за Палестина.

Еден од демонстрантите го започна говорот користејќи мегафон и обвинувајќи ја израелската влада за воени злосторства, обвинение што таа го негира.

„Нема да заборавиме, нема да простиме и ќе продолжиме да даваме отпор“, рече демонстрантот.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Неколку полицајци и чувари ги советуваа луѓето да не одат директно пред демонстрантите на главниот влез на зградата, но се чини дека немаше обид за отстранување на демонстрантите.

- Реклама -