Манчестер Јунајтед отпушта околу 250 вработени


Англискиот фудбалски гигант Манчестер Јунајтед планира да отпушти околу 250 свои вработени како дел од далекусежната програма за намалување на трошоците.

Вработените во сите ресори и на сите нивоа во клубот треба да останат без работа, освен хуманитарното здружение Манчестер Јунајтед Фондацијата, а овој број на отпуштања би значел намалување на бројот на вработени за 22 отсто.

Манчестер Јунајтед минатата сезона го зазеде осмото место во првенството, што е најнизок ранг на 20-кратниот шампион на Англија од формирањето на Премиер лигата на почетокот на 1990-те.

Исто така, ова значително намалување на трошоците доаѓа само еден месец откако британскиот милијардер Џим Ретклиф купи 25 отсто од клубот.

Според податоците од јуни минатата година, Јунајтед имал 1.112 вработени.

- Реклама -