ВИДЕО I Чудото на Ѓунок во судиското надополнување за пласман на Турција во четвртфиналето на ЕП


Мерт Ѓунок, голманот на Турција, со чудесна одбрана во петтата минута од судиското надополнување, ја спаси победата над Австрија (2:1) за пласман во четвртфиналето на ЕП.

Демирал постигна два гола за еден од најголемите успеси на турскиот фудбал, но да не беше голманот, којзнае дали Турција ќе се пласираше меѓу осумте најдобри.

Ѓунок направи неколку добри одбрани, но она што го направи при крајот на судиското надополнување беше чудесно. Кристоф Баумгартнер одлично шутираше со глава од само два метри, но Ѓунок со неверојатна одбрана спаси победа вредна за четвртфинале. Статистичарите пресметаа дека ударот со глава на Баумгартнер има xG вреден 0,94. Со други зборови, голманот имаше само 6 проценти шанса да одбрани.

- Реклама -