Мбапе ќе носи маска до крајот на Европското првенство


Иако самиот истакна дека ужасно се чувствува на теренот кога ја носи маската и дека истата му прави проблеми, сепак Килијан Мбапе ќе мора да ја носи до крајот на ЕУРО или пак додека Франција е на турнирот.

Ова го потврди селекторот на Франција, Дидие Дешамп:

-Јасно е дека не му е лесно, но Килијан мора да се навикне на нејзе зошто ќе мора да ја носи најмалку уште неколку недели. Секако дека маската му задава проблеми, но мора да ја носи, тука нема дилеми, истакна покрај другото селекторот на Франција.

- Реклама -