Хезоња го продолжи договорот со Реал на пет години


Хрватскиот кошаркарски репрезентативец Марио Хезоња го продолжи договорот со шпанскиот шампион Реал Мадрид на дополнителни пет сезони, соопштија од клубот во вторникот.

На Хезоња, 29-годишниот висок бек шутер, стариот договор му истече на 30 јуни.

Шпанските весници Marca и Mundo Deportivo пред две седмици објавија дека тој потпишал со лутиот ривали Барселона, откако наводно не успеал да се договори за продолжување, што се покажа дека е невистинито.

„Реал Мадрид и Марио Хезоња постигнаа договор за продолжување на договорот, што ќе го врзе играчот со клубот за следните пет сезони (до летото 2029 година)“, стои во соопштението на мадридскиот клуб.

Хезоња во „Кралскиот клуб“ дојде летото 2022 година од руски УНИКС Казан и освои пет титули. Со Реал го освои Купот на Евролигата, Шпанското првенство, Купот на кралот и два Суперкупа.

„Хрватскиот играч веќе ги освои сите можни титули со Реал Мадрид, станувајќи еден од нашите клучни играчи, но и еден од милениците на нашите навивачи“, соопштија од клубот.

Реал Мадрид освои три титули оваа сезона, но беше поразен во финалето на Евролигата од Панатинаикос од Атина.

- Реклама -