Сабаленка се повлече од Вимблдон поради повреда


Третата носителка, белоруската тенисерка Арина Сабаленка се повлече од Грен слем турнирот во Вимблдон непосредно пред нејзиниот прв натпревар во понеделникот поради повреда на рамото, соопштија организаторите.

Белорусинката која во првото коло требаше да игра со американската тенисерка Емина Бекташ, во жрепката ја замени среќната губитничка Ерика Андреева.

Сабаленка, која оваа година се здоби со повреда на долниот дел на грбот и се бореше со болест на Ролан Гарос, се здоби со повреда минатиот месец на турнирот во Берлин.

Руската 22-ра носителка Екатерина Александрова во понеделникот се повлече од Вимблдон поради болест, пред мечот од првото коло со Ема Радукану. Руската тенисерка, кој лани стигна до четвртото коло на Вимблдон, ја замени среќната губитничка Рената Заразу од Мексико.

Британската надеж, 21-годишната Радукану го пропушти Вимблдон минатата година по операцијата на раката и глуждот. Победничката на УС Опен од 2021 година никогаш не го помина четвртото коло на нејзиниот домашен Грен слем.

- Реклама -