Албански државјанин го тргнал македонското знаме од Кораб и поставил албанско: „За македонското знаме нема место на албански територии“

Албанскиот државјанин, Изет Шулку, сопственик на ресторан, го тргнал македонското знаме од врвот Голем Кораб и поставил албанско.

Во објавеното видео на неговиот Фејсбук профил, тој вели дека „македонското знаме не припаѓа на албанските територии, тука само албанското знаме“ и на крај силно извикува Албанија.

На Кораб тој е со гости кои престојувале во неговиот угостителски објект, меѓу нив и странци, што се слуша од комуникацијата на англиски со друго лице исто така Албанец.

– Драги пријатели, дојдов денеска со група гости и го најдов македонското знаме. Тоа не им припаѓа на албанските територии. Тука само албанско знаме, нема место за македонското. Албанија, извикува тој.

Прочитајте и:  ВРЕДИ: Нема да дозволиме да се манипулира со креирање лажна перцепција за институционално понижување на Албанците

 

- Реклама -