Крис Пол во Сан Антонио Спарс


НБА ветеранот, 39-годишниот Крис Пол ќе ги напушти Голден Стејт Вориорс и ќе им се приклучи на Сан Антонио Спарс, пишуваат американските медиуми.

Пол, кој им се приклучи на Вориорс минатото лето, се согласил на едногодишен договор вреден 11 милиони долари (околу 10,23 милиони евра) со Спарс, според Bleacher Report и ESPN.

Крис Пол, кој наесен ќе ја започне својата 20-та сезона во НБА лигата, ќе игра за седмиот тим по Њу Орлеанс, Лос Анџелес Клиперс, Хјустон, Оклахома Сити, Феникс и Голден Стејт со кои пролетва беше елиминиран во плејофот.

Третиот најдобар додавач во историјата на лигата (11.894 додавања) на почетокот од јануари беше опериран на левата рака по скршеницата поради која пропушти речиси два месеца натпреварување.

Сан Антонио Спарс, 14-ти во Западната конференција оваа сезона, го пропуштија плеј-офот петта година по ред.

- Реклама -