ФОТО| Унгарецот Барнабас Варга стабилен по сударот со шкотскиот голман


Барнабас Варга е стабилен, официјално соопшти Унгарскиот фудбалски сојуз, додавајќи дека нивниот репрезентативен напаѓач е во болница во Штутгарт.

Во 70. минута се случи жесток дуел меѓу шкотскиот голман Ангус Ган и унгарскиот напаѓач Варга. При боксување на топката, шкотскиот голман буквално со лактот го нокаутираше Варга, кој исто така многу незгодно падна и остана неподвижен на тревникот.

На помош на унгарската репрезентација веднаш дојдоа соиграчите и лекарите. По неколку минути пружање помош на самиот терен, Варга беше изнесен од тревникот на носилки, опкружен со завеси, а беше познато дека веднаш е пренесен во најблиската болница.

„Варга е стабилна. Тој е во болница и ќе продолжиме да ве информираме за неговата состојба“, соопштија од Унгарскиот фудбалски сојуз, но и бројни европски медиуми.

Во продолжението од натпреварот Унгарија го постигна победничкиот гол, во 100. минута Цобот погоди за 1-0 против Шкотска, а тој гол може да им биде доволен на Унгарците на патот до осминафиналето.

- Реклама -