Хрватска по втор пат од УЕФА доби казна на ЕП


УЕФА го казни Фудбалскиот сојуз на Хрватска со 28.000 евра поради инциденти на навивачите на натпреварот со Албанија на Европското првенство во Германија.

Федерацијата е казнета со 17.500 евра бидејќи навивачите палеле факели, а 10.500 евра за фрлање разни предмети за време на натпреварот во средата, пренесе Хина.

Тоа е втора казна за хрватската федерација на натпреварување во Германија, по паричната казна од 87.875 евра поради недолично однесување на навивачите на натпреварот против Шпанија.

Нова истрага е покрената откако албанските и хрватските навивачи заедно скандираа: „Убиј го Србинот“.

- Реклама -