Македонските кадетки го освоија петто место на Балканското одбојкарско првенство


Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија го освои петтото место на Балканското првенство во Тирана.

Во мечот од разигрувањето, избраничките на селекторот Александар Митев славеа со 3:2 во дуелот со Црна Гора и со втора победа најавија дека полека го креваат нивото на женската одбојка во меѓународни рамки.

Во првото коло од групната фаза нашата репрезентација славеше против Албанија со 3:1, а денеска одигра маратонски меч со Црна Гора и успеа да запише и втор триумф.

- Реклама -