Меѓународна изложба и симпозиум – „Куќата што се распаѓа“

На 27 и 28 јуни во Музејот на Република С. Македонија, Скопје ќе се отвори меѓународната изложба и симпозиум „Куќата што се распаѓа“ во продукција на Факултетот за работи што не се учат – ФРУ во рамките на проектот „Не сакаме да бидеме ѕвезди (туку дел од соѕвездијата)“, поддржан од Европската Унија.

Изложбата и симпозиумот „Куќата што се распаѓа“ нашироко говорат за политиките на просторот и промените во градовите во однос на интересите на различните структури на моќ, манифестирањето кон заедничкото наследство, како и идентитетот на колективноста и грижата на градовите – заедничка и меѓузависна. 

Изложбата е резултат на заложбите на тројца уметници – Вини Хербстајн (Глазгов/Амстердам), Филип Јовановски (Битола/Скопје) и Ану Вахтра (Талин) кои работат на пресекот на меморијата, архитектурата, културното наследство и формирањето на просторот, применувајќи различни уметнички стратегии за повторно да излезат на површината контекстуалните специфичности на грижата, занемарувањето и распаѓањето. 

За изложбата „Куќата што се распаѓа“ сите ја прифатија улогата на деколонизирачката шетачка, со тринеделни резиденции во Скопје, користејќи ги шетањето и критичкото набљудување како алатки за истражување на овие специфичности.

Прочитајте и:  Изложба на фотографии од личната колекција на царското семејство Романови

ПРОГРАМА

27 јуни/ Четврток/ 20:00/ Изложба

Куќата што се распаѓа

Уметници: Вини Хербстајн, Филип Јовановски, Ану Вахтра, во соработка со кураторката Ивана Васева.

Изложбата ќе биде отворена до 30 јули.

28 јуни/ Петок/ 20:00

Предавање на Ола Хасанеин (Картум/Амстердам) и дискусија со Марјока де Гриф/ Анастасија Пандиловска (Амстердам) и Ивана Васева (Скопје).

28 јуни/ Петок/ 21:00

Проекција на филмови

Ингел Ваикла – Papagalo, what’s the Time?(2022) 7’ и Moi aussi, je regarde (2024) 23’ 

Феликс Мелија – Money for Nothing (2021) 35’

Краток разговор со уметниците Ингел Ваикла и Феликс Мелија

Харун Фароки – The Creators of Shopping Worlds (2001) 72’ и In Comparison (2009) 61’

28 јуни/ Петок/ 23:00

Музичка програма

29 јуни/Сабота/

19:00- 21:00 – ГРАДОТ Е ЈАВНОСТ – дел 1 – колективна перформативна проба/обиколка низ градот Скопје со водич како дел од Лабораторијата за перформативно просторно истражување ГРАДОТ КАКО СЦЕНА, како дел од Архитектонскиот факултет во Скопје

21:00 -22:00 – ГРАДОТ Е ЈАВНОСТ – дел 2 – Јавна рефлексија на идното сценарио за театарска претстава за градот во Музеј на Република Северна Македонија.

- Реклама -