Овој кандидат за градоначалник не јаде, не спие и носи одлуки за помалку од секунда

Вештачката интелигенција има навистина големи можности кои повеќето луѓе допрва треба да ги откријат. И додека пишувањето е-пошта и кратки текстови е веќе добро воспоставена практика, а некои го користат „ЧетГПТ“ за пишување говори и креирање презентации, сепак тоа е само алатка која треба човек да ја користи.
Но, што ако таков четбот со вештачка интелигенција реши да се вклучи во политиката? Токму тоа се случува во САД во моментов. Четбот со вештачка интелигенција наречен Вик (VIC – Virtually Integrated Citizen) се обидува да добие место на гласачкото ливче за изборите за градоначалник на Шајен, главниот град на државата Вајоминг.
Според американските медиуми, Вик е заснован на моделот „ГПТ-4“ и бил обучен за илјадници градски документи, а автор е библиотекар од Шајен, Виктор Милер. Милер, доколку победи Вик, ќе служи како човечки фактор во градското управување на Вик, но вештачката интелигенција ќе биде одговорна за носењето одлуки.
Иако звучи добро, се чини дека нема да биде лесно ова да се реализира. Иако Вик не е официјален кандидат, веќе има политички непријатели. Почнувајќи од државниот секретар на Вајоминг, Чак Греј, кој се обидува да ја оспори законитоста на политичката кандидатура на четбот со вештачка интелигенција.
Поради оваа причина е покрената истрага која треба да утврди дали Вик ги исполнува сите потребни услови за кандидатура. Резултатите од истрагата треба да се знаат на почетокот на јули, кога треба да бидат објавени официјалните кандидати.
Друг проблем е што „Оупен Еј-ај“ не дозволува користење на неговите големи јазични модели (врз чија основа е изграден Вик) за политички кампањи. Ова би значело дека Милер или ќе мора да се откаже од својата кандидатура или да го „пресели“ Вик на некој друг главен јазичен модел. Но, дали овој потег ќе го промени Вик и ќе го претвори во сосема нов кандидат?
И додека некои мислат дека градоначалникот со вештачка интелигенција би бил многу подобар избор од понудените актуелни политички кандидати, други сепак предупредуваат дека вештачката интелигенција е далеку од совршена и прави грешки исто како и вистинските луѓе.
Дали на Вик ќе му биде дозволено да гласа на крајот или не, ќе се знае за неколку недели, а дотогаш Милер води кампања како и секој друг кандидат.
Извор: Wired.com

Извор