(ВИДЕО) Научниците разоткрија една од најголемите тајни поврзани со Чернобил

Дивите свињи од Чернобил со години се мистерија. Додека радиоактивноста на елените во областа очекувано се намалила во текот на децениите, радиоактивноста на дивата свиња останала изненадувачки висока. Прашање на исхрана
Најверојатно се работи за исхраната на дивите свињи, која вклучува тартуфи, печурки кои се наоѓаат на 20 до 40 сантиметри под земја. Цезиумот тоне во земјата многу бавно, па подземните тартуфи дури сега почнале да го апсорбираат цезиумот ослободен во несреќата во Чернобил.
Поради оваа двојна доза на зрачење со бавно ослободување, нивоата на контаминација кај дивите свињи останала релативно константна со децении, додека другиот дивеч во Чернобил успеал да закрепне, па дури и да напредува.
– Нашата работа покажува колку можат да бидат сложени односите во природните екосистеми, но и дека одговорите на таквите загатки може да се најдат доколку вашите мерења се доволно точни – објаснил Штајнхаузер.

Извор