Изложба на Едукативниот Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“ во Јавна Соба

Едукативниот Центар за класична ликовна уметност „Да Винчи“, предводен од уметницата Викторија Егорова, во среда на 29 мај на првиот кат во Public Room ги поканува сите љубители на уметноста на отворање на изложбата на учениците од Центарот.

Оваа изложба насловена како „Еден наставник и многу ученици“ ќе претстави дела на повеќе од 50 ученици, на возраст од 5 до 55 години.

Изложбата ќе остане поставена во просториите на Public Room една седмицa.

Прочитајте и:  Изложба на фотографии од личната колекција на царското семејство Романови
- Реклама -