Кои се најчувствителните хороскопски знаци?

Има и такви кои на критиките реагираат со мрчење или плач. Некои хороскопски знаци се почувствителни од другите. А кои се најчувствителните хороскопски знаци?Најчувствителен знак. Родените под соѕвездието Рак се раздразливи и чувствителни. Ова ги води до големи страдања поради секој неразбран збор. Ракот не пропушта ништо, а ако е навреден, почнува да се лути и не зборува додека не дојде извинување. Тој ќе биде навреден, дури и ако не сте имале намера да го омаловажувате. Обично Ракот страда во тишина и станува очаен, но понекогаш знаат да возвратат.На второ место се Рибите кои се особено чувствителни на критики и многу страдаат поради тоа. Со Рибите мора да бидете внимателни и да го измерите секој збор. Нивната огорченост се изразува во солзи: колку повеќе се навредени, толку повеќе солзи. Сепак, Рибите брзо му простуваат на насилникот, главната работа е тој да изразува жалење. Луѓето од овој хороскопски знак ретко тргнуваат во директна офанзива, но немојте да се изненадите ако наеднаш исчезнат од вашиот живот. Ако ова се случи, има причина, сетете се на вашата последна критика кон нив.Шкорпијата обично реагира на критиките со напад. За разлика од другите, почувствителни знаци на Зодијакот, Шкорпијата не се повлекува во себе и не лее солзи залудно. Шкорпијата напаѓа контра – навредува и критикува многу остро, дури и непотребно претерано.Лавот е чувствителен знак, но напорно се труди да ги прифати критиките и дури е горд што се труди. Но, на крајот реагира со напад. Во кавгите Лавот секогаш го има последниот збор. Што треба да направите? Никогаш не се расправајте со Лавот, особено ако го сакате.Реакцијата на Овен на навреда обично е импулсивна. Ако биде нападнат, нема да си ги лиже раните, туку ќе одговори многу остро, за што ќе зажали во иднина. Ако сте Овен, мој совет е добро да размислите и да изброите до десет пред да кажете било што (дури и ако сте многу лути и разочарани).

Извор