Рјабков: НАТО ни предизвикува емотивна одбивност

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека се невозможни геополитичките проекти со НАТО и оти Москва нема доверба во Алијансата.

– Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност, посочи Рјабков.

Тој додаде дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на рамноправна основа“.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони
- Реклама -