Италијанската партија „Лига“ ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на ЕУ од државните институции

Фото: Freepik

Италијанската крајнодесничарска партија Лига денеска најави дека ќе бара промена на законот за да се отстранат знамињата на Европската унија од зградите на државните институции.

Претседателот на Лигата, Матео Салвини, кој е дел од коалицијата на премиерката Џорџа Мелони, има за цел да собере евроскептични гласови пред европските избори во јуни, јавија западни медиуми.

Сенаторот Клаудио Борги, кој е кандидат на претстојните избори за ЕУ, рече дека пред канцелариите треба да има италијанска тробојка заедно со знамињата на одделни региони.

- Реклама -