Амбасада на САД по инаугурацијата на Силјановска-Давкова: Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитување на меѓународните договори и на членството во ЕУ

Американската амбасада во Скопје во врска со вчерашната инаугурација на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, на која таа го не го употреби уставното име, нагласува дека е важно да се зајакнува почитувањето на меѓународните договори и на евроинтеграцијата на земјава.

-Откако ќе се формира нова влада и ќе се избере премиер, ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори и придобивките од напредокот на државата со полноправно членство во Европската Унија, е одговор на Американската амбасада за „360 степени“ на прашањето за вчерашната инаугурација на новоизбраната претседателка Сиљановска-Давкова, која давајќи свечена изјава во Собранието наместо уставното име „Република Северна Македонија“ користеше само Македонија.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО
- Реклама -