Шолц: Берлин нема да испраќа војници и оружје во Украина

Германскиот канцелар Олаф Шолц повлече линија која рече дека нема да ја премине, велејќи дека „Берлин нема да испраќа војници во Украина и нема да испраќа оружје со долг дострел на режимот во Киев“.

Зборувајќи пред пратениците во Бундестагот, германскиот канцелар ја отфрли можноста германски војници да учествуваат во изборот на цели за украинските напади на територијата на Руската Федерација.

-Зборувам за донесување одлуки за тоа каде да се нишани, каде да се шутира и што да се погоди. Германските војници не треба да го прават тоа. Како канцелар, јас сум одговорен за спречување Германија да биде вовлечена во оваа војна, рече Шолц.

Германскиот канцелар претходно експлицитно демантираше дека испратил ракети „Таурус“ во Украина, бидејќи во тој случај само германски специјалци би требало да управуваат со тоа оружје, а тоа би значело директно мешање на Берлин во руско-украинскиот конфликт и додаде дека Украина нема да добие од ракетите „Таурус“.

Прочитајте и:  „Фајненшл тајмс“: Русија регруирала стотици Јеменци во војната против Украина
- Реклама -