Деца и родители: Што по разводот?

реклама

Разводот е вообичаено тежок и за родителите, но и за децата. Главната одговорност на дотогашните сопружници, сепак, е да се погрижат малечките што помалку да ја почувствуваат разделбата. Но, возрасните честопати го чинат тоа на погрешен начин – купувајќи играчки, храна, слатки и натпреварувајќи се кој повеќе ќе му угоди и ќе го разгали детето. 
Следат неколку совети.
реклама
На децата им треба и мама и тато во животот
Без разлика што се веќе разведени, важно е родителите да останат во контакт во случаите кога и двајцата му требаат на детето. И двајцата треба да бидат присутни на родендените, на училиштен настан, во случај на болест или кога се оди на лекар. Соработката во воспитувањето на децата е важна, а не меѓусебниот натпревар, борба и надмудрување, пишува романскиот портал „Андреерааику“.
реклама
Ниту едно дете не сака „мама и тато“ да се разведат, но ним секако им требаат и двајцата родители. Тоа не значи дека сопружниците треба да останат во несреќен брак поради децата, а подоцна да им зборуваат колку се жртвувале… Наместо тоа, важно е децата да останат приоритет и за двајцата возрасни по разводот. Затоа, возрасните треба да се потрудат да соработуваат, заради мир, безбедност и сигурност без разлика на семејните околности.
И почитта е важна
реклама
Каков и да е односот меѓу поранешните сопружници, тие треба пристојно да разговараат, барем пред децата. На малите им требаат одговорни родители кои ќе може да се контролираат барем за да не се расправаат и критикуваат во присуство на детето.
На децата им требаат родители за и тие да го прифатат разводот
Дури и најмирниот развод е трауматичен настан за сите во семејството. Сепак, на малите им требаат родители кои и натаму сериозно ја преземаат одговорноста за сѐ во нивниот живот. Со други зборови, важни се и разговорите со терапевти, за да може и натаму сите да живеат среќен и исполнет живот. 
реклама

Извор