Борел: Неопходно е да се изврши притисок врз Израел да дозволи пристап до хуманитарната помош во Газа

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел денеска изјави дека е неопходно да се изврши притисок врз израелската влада за да се овозможи непречен пристап до хуманитарна помош до цивилите во Појасот Газа.

-Сите оние кои се загрижени за ситуацијата во Газа треба да извршат притисок врз израелската влада да дозволи непречен пристап до хуманитарна помош и да не ги блокира конвоите, напиша Борел на „Х“.

Тој додаде дека „другите опции не се доволни“.

-Испораките по воздушен пат се добри, но недоволни. Потребни се морски коридори, но им треба време. И времето е важно, рече Борел.

Најмалку 30.800 Палестинци се убиени во Појасот Газа од избувнувањето на конфликтот меѓу Израел и Хамас на 7 октомври минатата година, според здравствените власти.

Прочитајте и:  Хамнеи: Апсење не е доволно, треба смртна казна за израелските лидери

Покрај тоа, повеќе од 70 илјади луѓе беа повредени, а многу тела се уште се под урнатините.

- Реклама -