ММФ: На Украина ѝ треба навремена поддршка од САД и други донатори за да биде фискално одржлива

Меѓународниот монетарен фонд денеска соопшти дека на Украина ѝ е потребна „навремена поддршка“ од САД и други меѓународни донатори за да се обезбеди фискалната одржливост на земјата.

Портпаролката на ММФ, Џули Козак, на редовниот брифинг со новинарите рече дека се проценува дека на Украина годинава ѝ требаат околу 42 милијарди долари финансирање, вклучувајќи ја и официјалната донаторска поддршка од околу 31.9 милијарди долари.

– Навремената поддршка од меѓународната заедница, вклучително и Америка, ќе биде од витално значење за да се осигура дека Украина останува на патот кон фискална и екстерна одржливост, рече Козак.

Козак додаде дека тим на ММФ моментално е во Варшава за да го спроведе третиот преглед на програмата за заем од 15.6 милијарди долари за Украина, од кои се исплатени околу 4.5 милијарди долари.

Прочитајте и:  Вонредно обраќање на Путин до нацијата во врска со војната во Украина

Таа одби да разговара за новата сума што може да биде одобрена за Украина откако ќе заврши прегледот, а некои агенции претходно јавија дека новата исплата би можела да изнесува 890 милиони долари.

- Реклама -