ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија по смртта на Навални

Германија и другите земји од ЕУ предложија воведување нови санкции за Русија по смртта на критичарот на Кремљ и политички лидер на опозицијата Алексеј Навални, јави ДПА.

Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок рече дека „алатката на ЕУ која дозволува санкции за сериозно кршење на човековите права ќе се користи за да се казни Русија за смртта на Навални“.

„Ја видовме бруталната сила со која рускиот претседател ги репресираше сопствените граѓани кои излегоа на улиците да бараат слобода или да пишуваат за тоа во весниците. Ќе предложиме воведување нови санкции поради смртта на Алексеј Навални“, изјави Бербок пред денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите членки во Брисел.

Прочитајте и:  Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси ЕУ

Алатката, наречена Глобален режим на санкции за човекови права на ЕУ, веќе е искористена за казнување руски владини претставници за затворањето на Навални.

- Реклама -