Иран: САД ја користат војната во Газа како изговор за зајакнување на своето присуство во регионот

САД ја користат војната во Појасот Газа како изговор за зајакнување на американското присуство во регионот на Блискиот Исток, оцени шефот на иранската армија, генерал-мајор Мохамад Хосеин Бакери.

На состанокот во јужниот ирански пристанишен град Бандар Абас, на кој беа претставени два нови патролни и борбени брода, Бакери рече дека регионалната ситуација е деликатна и критична.

Тој тврди дека американската војска, за која рече дека донекаде се повлекла од регионот на Блискиот Исток, бара изговори за веднаш да се врати, пренесува Ал Џезира.

Иранскиот генерал додаде дека нападот на 7 октомври од страна на палестинската милитантна група Хамас врз јужен Израел послужил како изговор за САД да распоредат сили во Средоземното Море, Црвеното Море и западните делови на Индискиот Океан.

Прочитајте и:  Џо Роган: Бајден и Зеленски сакаат светска војна, Кличко му одговори - тоа е руска пропаганда

Кога станува збор за војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, Бакери тврди дека Израел „дефинитивно ќе претрпи пораз“.

Тој нагласи дека иранските вооружени сили се подготвени да се борат против секоја закана.

- Реклама -