Развиена првата калциумова батерија во светот

Тим од кинески научници тврди дека ја направиле првата батерија на база на калциум во светот, која може да се полни и да се празни вкупно 700 пати на собна температура.
Ова потенцијално може да значи поевтини и поодржливи алтернативи на литиум-јонските батерии. Тимот од Универзитетот Фудан во Шангај верува дека ова нивно откритие може да ја претвори хемијата на калциумот во одржлива техмологија за складирање енергија.
Кинеските научници исто така го ставиле нивниот уред со калциум и кислород во влакна, со цел да направат флексибилна текстилна батерија која би можела да стои во паметен телефон, се вели во студијата објавена во списанието Nature.
Тие велат дека системот калциум-кислород (Ca-O2) ја покаѓува најголемата теоретска густина на енергија меѓу варијантите на батерии на база на калциум затоа што горивото се добива од кислородот во воздухот, а не од материјали скалдирани во него.
Перформансите и капацитетот на новите батерии се ограничени, но кинеските научници се надеваат дека ќе ги подобрат со напредокот на инженерингот.
Лисиум-јонските батерии се најчесто користени пирум светот поради својата густина на енергија. Но, според кинеските научници, бидејќи калциумот на Земјата го има 2.500 пати повеќе отколку од литиумот, новата батерија нуди одржлива алтернатва со споредлива густина на енергија.

Извор