Принцот Хари пристигна во Лондон по веста за болеста на неговиот татко, кралот Чарлс

реклама

Принцот Хари денеска пристигна во Лондон за да го посети својот татко, кралот Чарлс (75), помалку од 24 часа откако беше објавено дека монархот боледува од рак.
Британските медиуми пишуваат дека тој долетал од Калифорнија денеска порано, а фотографите го „фатиле“ кога пристигнал во Кларенс Хаус, каде што сега живее неговиот татко.
реклама
По 17 месеци на тронот, кралот Чарлс, кој во понеделникот беше подложен на првата терапија, ќе отсуствува од јавниот живот на неодреден период. Премиерот Риши Сунак се обиде да ја смири нацијата, велејќи дека ракот од кој боледува 75-годишниот монарх е „рано откриен“.
– Ние сме во редовен контакт и ќе ја продолжиме комуникацијата како и досега, рече Сунак, кој разговара со кралот секоја недела.
реклама
Не е наведен видот на рак од кој боледува британскиот крал. Познато е дека болеста е откриена на крајот на јануари при операција за бенигна хипертрофија на простата и оти не се работи за рак на простата.
По првиот медицински третман, кралот ја поминал ноќта во својот дом Кларенс Хаус, пренесуваат британските медиуми и пишуваат дека кралот е „многу оптимист“ за болеста. Тој најави и дека ќе продолжи да врши „државни и административни должности“. Болеста на Чарлс повторно ја става монархијата во неизвесност само една и пол година по смртта на Елизабета Втора и повеќе од 70 години од нејзиното владеење.
реклама
Ова е особено изразено ако се земе предвид фактот дека една од најомилените личности од кралското семејство, принцезата Кејт, сопруга на принцот Вилијам, мора долго време да закрепнува по операцијата на абдоменот извршена во јануари, по која беше во болница речиси две недели. Таа не се појавува во јавноста од Божиќ, а нејзиното враќање се очекува дури за Велигден, на крајот на март.
реклама

Извор