Откриена причината зошто децата не ја посетиja Кејт Мидлтон во болница

реклама

Дека Кејт Мидлтон ни малку не се шегуваше кога рече дека сака на своите деца да им обезбеди што е можно понормално детство, се покажа и кога се соочи со здравствени проблеми, со кои не сакаше непотребно да ги загрижува Џорџ, Шарлот и Луис.
Овој понеделник, 42-годишната Кејт Мидлтон била отпуштена од приватна болница во Лондон, откако таму поминала речиси две недели закрепнувајќи се од наводно планираната операција на абдоменот.
реклама
И покрај тоа што поминала толку денови во болница, во истата болница ја посетиле само нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, како и нејзиниот свекор, кралот Чарлс III. Нивните деца, принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот ги немаше наоколу, а сега е откриено зошто е тоа така.
Добро упатен извор открил за Entertainment Tonight дека Џорџ (10), Шарлот (8) и Луис (5) не ја посетиле својата мајка во болница од едноставна причина што нивните родители Кејт Мидлтон и принцот Вилијам не сакале нивната дневна рутина да биде прекинета.
реклама
Принцот и принцезата од Велс одлучија дека најдобрата заштита за нивните деца е да ги спречат да се грижат непотребно.
Иако физички не биле во болница, трите деца сепак имале секојдневен контакт со мајка им преку видео повици, а сега го имаат целото време на светот додека Кејт закрепнува во Аделаида Котиџ.
реклама
Закрепнувањето сигурно ќе помине побезболно и побргу благодарение на тоа што со неа се децата, како и принцот Вилијам кој на одредено време ги одложи сите кралски обврски, за да може да се грижи за својата сакана сопруга.
реклама

Извор