Хамас бара прекин на израелските операции во Газа во замена за ослободување на заложниците

Хамас денеска го повтори барањето, кое го упати по состанокот на израелските официјални претставници со претставниците на Катар и Египет, дека ослободувањето на сите заложници што ги држи ќе бара гаранции за прекин на сите израелски воени операции во Појасот Газа и повлекување на сите израелски инвазивни сили.

„Успехот на состанокот во Париз зависи од тоа дали Израел ќе се согласи да стави крај на сеопфатната агресија во Појасот Газа“, рече високиот функционер на Хамас, Сами Абу Зухри.

Сепак, не беше веднаш јасно дали Хамас ќе ги ослободи сите или само некои од 132-та заложници доколку се исполни овој услов.

Хамас претходно соопшти дека ослободувањето на сите заложници подразбира и Израел да ги ослободи илјадниците Палестинци што ги држи во своите затвори од безбедносни причини.

Прочитајте и:  Француската брза железница мета на „координирани акти на саботажа“, непосредно пред отворањето на ОИ
- Реклама -