Русите за првпат влегле во Авдијивка, но биле потиснати

Руската армија за првпат успеа да влезе во украинскиот град Авдијивка, но беше потисната, изјави денеска градоначалникот Виталиј Барабаш.

„Диверзантските и извидничките групи влегоа во јужниот дел на Авдијивка, но беа потиснати“, изјави Барабаш.

Тој оцени дека ситуацијата е сè уште „тешка, но под контрола“ и потврди дека Русите првпат влегле во тој клучен индустриски град во источниот регион Доњецк.

Руската армија неодамна ги засили нападите на тој дел од фронтот.

Прочитајте и:  Полски и НАТО авиони активирани поради руските напади врз Лавов
- Реклама -