Белгија со 611 милиони евра помош за Украина

Белгија годинава на Украина ќе и испрати 611 милиони евра помош, соопшти денеска украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.

Тој на Х објави дека имал телефонски разговор со шефицата на белгиската дипломатија Лудвин Дедондер за воената помош и развојот на ситуацијата на фронтот.

– Благодарност за учеството на Белгија во коалицијата за способности на воздухопловните сили, особено во програмата за обука на пилоти, нагласи Умеров.

Министрите разговарале и за учеството на Белгија во модернизацијата на украинските воени сили.

Прочитајте и:  Захарова: Новата американска база во Полска одамна е на листата на приоритетни цели за уништување
- Реклама -