Пожар на гасен терминал кај Санкт Петербург, биле забележани дронови

Пожар избувна на терминал на рускиот независен производител на природен гас „Новатек“, во пристаништето Уст-Луга, во Ленинградската област, соопшти денеска гувернерот на регионот.

-Нема пријавени жртви од пожарот на терминалот на „Новатек“ во пристаништето Уст-Луга. Персоналот е евакуиран… Во округот Кингсеп е воведен режим на висока готовност, изјави гувернерот Александар Дрозденко.

Гувернерот додаде дека претставници на руското Министерство за вонредни ситуации и локалната противпожарна служба се на местото на настанот за да го изгаснат пожарот, пренесуваат руските медиуми.

Веб-страницата Marine Traffic претходно објави дека до пристаништето Уст-Луга биле закотвени пет танкери, што пловеле под националните знамиња на Панама, Габон, Либерија и Грција.

Дрозденко не кажа што го предизвикало пожарот на пристанишниот терминал во рускиот дел на Финскиот залив, околу 170 километри западно од Санкт Петербург и 35 километри од естонската граница.

Прочитајте и:  САД се блиску до одлука за испраќање крстосувачки ракети со долг дострел во Украина

Локалните медиуми јавија дека најмалку два дрона биле забележани како летаат кон Санкт Петербург пред извештаите за пожар на терминалот.

МИА

- Реклама -