Шефот на Хезболах: Американските напади врз Јемен му наштетуваат на светскиот бродски транспорт

Шефот на либанското движење Хезболах, поддржано од Иран, Хасан Насрала синоќа изјави дека неодамнешните американски напади врз милицијата Хути во Јемен ќе му наштетат на светскиот бродски транспорт во Црвеното Море.

САД и нивните сојузници на почетокот на минатата недела почнаа серија напади против Хутите, поддржани од Иран, откако тие постојано ги напаѓаат трговските бродови во Црвеното Море. Хутите ветија ќе се одмаздат, потсетува ДПА.

– Неодамнешната агресија врз Јемен претставува американско-британска глупост и американска недоследност, рече Насрала во телевизиско обраќање. Во првиот напад учествуваше Велика Британија, а акцијата ја поддржаа Холандија, Канада, Бахреин и Австралија.

– Во исто време кога Американците повикуваат да не се прошири војната, тие ја прошируваат, додаде тој и додаде дека „она што Американците го направија во Црвеното Море ќе и наштети на меѓународната пловидба во целина“.

Прочитајте и:  САД ја отфрлаат одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху и Галант
- Реклама -