„Осудуваме секаква форма на насилство, инцидентот во М-НАВ неправедно ѝ се припишува на ДУИ“, велат интегративците

Демократската унија за интеграција, во реакција во врска со инцидентот во М-НАВ, изрази „силна осуда за секоја форма на насилство“.

„Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас. Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност. Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот“, се вели во реакцијата.

Од партијата велат дека инцидентот неправедно ѝ се припишува на ДУИ, а истиот, тврдат, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со нив.

„Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

Прочитајте и:  Вреди: Клопчето се одмотува - фамилијарните скандали први на тапет

Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа.

Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите“, велат интегративците.

- Реклама -